Јули 2021 година беше најтоплиот месец откако се мери температурата историски, објави американската Национална администрација за океани и атмосфера.

Соборен е голем рекорд минатиот месец – јули беше најтоплиот месец некогаш измерен во историјата, покажуваат податоците објавени од американската Национална администрација за океани и атмосфера (NOAA).

-Јули вообичаено е најтоплиот месец во годината, но годинава јули беше најтоплиот месец досега забележан, рече Рик Спинрад, лидер на НОАА, пренесува Index.hr.

Како што рече, овој рекорд „го нагласува вознемирувачкиот пат поставен од климатските промени“.

Комбинираната температура на копното и океанот во целиот свет беше 0,9 степени Целзиусови над просекот, односно овој јули беше најтоплиот месец од кога почнаа мерењата пред 142 години, пишува NBC News.

НОАА објави колаж од фотографии во соопштението, илустрирајќи ги ужасните последици од климатските промени, вклучувајќи поплави, топлотни бранови, суши, урагани и пожари.

Климатските промени го менуваат светот на начин што не е виден илјадници, па дури и илјадници години, се наведува во извештајот.