Вакцината на Модерна
Вакцината на Модерна

Првите вакцини „Фајзер“ договорени директно со производителот ќе стигнат во февруари, кога се очекуваат и првите вакцини преку КОВАКС системот за набавка преку Светска здравствена организација.

Први ќе се вакцинираат здравствените работници кои ги лекуваат ковид-пациентите, а според планот за имунизација, во приоритетните категории спаѓаат луѓе над 70 години, хронично болните, лица со посебни потреби во институции и медицински персонал кој е во помал ризик.

Освен набавка на вакцини преку КОВАКС системот и директно од произведувачот „Фајзер“ вакцини во Македонија ќе стигнат и во форма на донација од Бугарија.

Според стратегија на набавка на вакцини, Бугарија се води во групата на „штедливи држави од ЕУ“ и таа претежно ќе набави вакцини од британскиот произведувач „АстраЗенека“.