Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги да им укаже на кабелските оператори во Македонија да ги исклучат каналите каде како основач се јавува Руската Федерација или приватни лица, правни или физички лица со потекло од оваа држава, препорача Владата на Македонија.

Овие мерки се преземаат и во другите земји во Европа, по нападот на Русија врз Украина и се дел од санкциите што САД и ЕУ ги воведоа кон Русија.