Владата на Србија соопшти дека на вечерашната седница, одржана во 20 часот, донела одлука за повлекување на Законот за експропријација од собраниска процедура, кој претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ го врати на повторно разгледување во Собранието на Србија.

Владата на Србија ќе анализира дали се неопходни измени на Законот за експропријација и до кој степен, а само доколку се утврди дека законот треба да се менува, тоа ќе го направи со широка јавна расправа во која ќе се вклучи стручната јавност, професионалните здруженија, бизнис и граѓанско општество како и компаниите, се вели во соопштението.

Владата на истата седница до Народното собрание му предложи измени на Законот за референдум и народна иницијатива, во членовите 7, 20, 43 и 44.

Наведените членови се однесуваат на проверката на потписите, на претставниците на овластениот предлагач во органот за спроведување на референдумот и на рокот за повторно распишување на референдумот.