Владата на Србија дозволи извоз на брашно бидејќи е проценето дека тоа нема да ја загрози понудата на домашниот пазар.

Извозот на брашно е овозможен со изменување и дополнување на Одлуката за привремено ограничување на извозот на основните земјоделско-прехранбени производи значајни за населението, со која се воведени квантитативни ограничувања на извозот на месечно ниво за одредени земјоделско-прехранбени производи.

Понудата на брашно и пченица на домашниот пазар е добра и слободниот извоз не може да ја загрози понудата на домашниот пазар, а овозможува растоварување на силосите за прием на новата жетва, како и зачувување на традиционалните пазари, со оглед на тоа дека Србија е традиционален извозник на брашно на пазарите во земјите од регионот, се наведува во соопштението по седницата на српската Влада.

Извозот на пченица и брашно од Србија, како и на пченка и масло, беше забранет на 10 март годинава со цел да се обезбеди снабдување на пазарите за време на кризата предизвикана од војната во Украина, а на 20 април беа одобрени квоти за извозот на тие стоки.

ИЗВОРВработување
претходниот член,Повеќе од 50 милиони евра граѓаните оставиле по приватните лаборатории за ПЦР тестови
Следната статијаСеверна Кореја го забележа првиот случај на коронавирус

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде