Креативноста и снаодливоста не се предетерминирани карактеристики, напротив тие се развојни, како и многу други операции.
Животната филозофија има голем импакт врз развојот на креативноста и снаодливоста.
Во принцип, таа се однесува на давање на шанса да за учење преку обиди и грешки.
Оттука ви проследуваме неколку вежби за поттикнување на креативноста и снаодливоста, може да ја примените дури и како воспитни модели за вашето дете:
- Впуштајте се во различни ситуации
Сите ние имаме познати терени кои создаваат зони на комфор и комоција.
Играјќи условно речено на истиот терен секој ден виe ги менаханизирате вашите способности.
Најдобро е, да се впуштате во различни, пред се, непознати ситуации.
Учеството во непознати ситуации ќе ве натера побудно да опсервирате, да учите од другите и мозокот ви е многу поангажиран отколку кога сте во познат контекст.
- Дури и да згрешите не се откажувајте
Една ластовичка не ја прави пролетта, една грешка не ја прави вашата работа неуспешна.
Затоа дури и кога ќе погрешите не прекинувајте да работите понатаму на процесот на создавање.
Никој не е перфектен, па не можете и вие, единствено важно е да менаџирате успешно за вашите грешки и да не дозволите тие да го дефинираат крајниот производ.
- Обидете се да бидете поинакви
Кога создавате нешто, не се водете од тоа што веќе го знаете и кое веќе ви е научено.
Обидете се да создадете нешто сосема ново и да вметнете иновации.
Нека секој нареден производ ви биде поразличен од претходниот, можеби нема сите да се еднакво добри, но не знаете кои се полоши, а кои подобри, ако не се сите различни меѓусебе.
- Огледало перспектива
Еден предмет гледајте го низ повеќе негови функции и во што се можете да го намените.
На пример цигла е предмет кој се користи примарно за градење.
Но таа може да е и држач за пенкала, да ви ги стопли студените стапала преку зима, да служи како саксија и сл.
Автор: Магдалена Стојмановиќ