Со почеток во 19 часот по македонско време, односно во 20 часот по бугарско време, вечерва ќе се емитува уште една емисија од бугарско-македонскиот серијал за обединување на двата народа, наречен „Коридор 8“

Втората емисија на „Коридор 8“ може да ја проследите со кликање на линков.

Учесници од македонската страна ќе бидат Атанас Величков и Магдалена Стојмановиќ, а бугарската страна ќе ја застапуваат Георги Станков и Иван Делчев.

Темата на разговорот ќе биде „Ковид19“ а учесниците ќе ги споделат своите лични искуства и перцепции од епидемијата, начинот на кој ја доживуваат, како се справуваат со епидемијата и каков имапкт имала врз нивниот секојдневен живот.

Идејата на емисијата е вмрежување и пренесување на искуства на луѓе од Бугарија и Македонија во непосреден разговор и опуштен амбиент.

Другото име на емисијата „Коридор 8“ може да биде „Обични луѓе и необични разговори“ бидејќи учесници во емисијата се претставуваат од позиција на личности, а не од позиција на професии и стручности, додека разговорите што ги водат повеќе имаат забавен и едукативен карактер, отколку дебатерски.