Вчера во Сала за седници на град Скопје се одржа меѓународната трибина „Заштита, помош и поддршка на жртви на семејно и родово базирано насилство“. 

Трибината беше организирана од страна на здружението за унапредување на националната култура „Диверзиум“ од Скопје на волонтерска база, со помош на град Скопје.

На трибината присуствуваа гости од Белград, претставници на Здружението „Хајр“ и претставник на Министерство за човекови и малцински права и социјален дијалог на Србија.

На трибината присуствуваше и градоначалничката на град Скопје – Данела Арсовска која истакна дека:

Потребна е поголема свесност, но и интензивна соработка на сите општествени чинители за превенција на семејното и родово базираното насилство. Градот активно подржува активности со цел намалување на насилството од секаков вид, а континуирано ќе делува со цел зголемување на социјална грижа и примарен фокус на заштита на категориите граѓани изложени на ризик од социјална исклученост.

Говорители на настанот беа претставници на граѓански здруженија кои се занимаваат со оваа област, како и стручни лица од областа.