Националниот Комитет за имунизација денеска донесе одлука со која препорачува, граѓаните кои се вакцинирани со две дози од вакцините на производителите „Синовак“ и „Синофарм“, трета доза вакцина може да примаат по изминати три месеци од втората доза.

Вакцинацијата со трета доза е со вакцина на производителот „Фајзер“ а вакцинацијата е без закажан термин на кој било вакцинален пункт во државата. За граѓаните кои примиле друг тип вакцина од „фајзер“, „астразенека“ или „спутник В“, трета доза вакцина може да примаат после поминати 6 месеци од втората доза, наведуваат од комитетот за имунизација.

Министерството за здравство апелира граѓаните во што поголем број да се вакцинираат.

ИЗВОРНова Македонија
претходниот член,Зависниците се поизложени на ризик од ковид19 иако се вакцинирани
Следната статијаДобра вест: Се празнат креветите во ковид центрите

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде