Секој ден треба да вежбате утринско туширање со ладна вода. Студијата спроведена во Холандија покажала дека луѓето кои наутро се тушираат со ладен туш помалку отсуствуваат од работа отколку оние кои се тушираат со топла вода.
Таа студија опфатила повеќе од 3.000 луѓе, но точниот одговор на прашањето како студената вода го намалува ризикот од болести не е утврден.
Некои експерти веруваат дека студената вода го зајакнува имунолошкиот систем.
Истражувањето спроведено во Чешка дошло до заклучок дека имунолошкиот систем на младите спортисти се зајакнува откако ќе се потопуваат во ладна вода 3 пати неделно во период од 6 месеци.
Одговорот може да се најде во фактот дека студената вода го активира симпатичкиот дел од нервниот систем кој ги контролира и влијае на деловите од мозокот одговорни за однесување во итни ситуации.
Симпатичкиот нервен систем е одговорен за одговор на опасни, стресни и застрашувачки ситуации, а кога ќе се активира, се зголемува лачењето на хормонот норадреналин.
Ладната вода ја подобрува циркулацијата, а некои студии покажаа дека е добро ако сакате да ослабете. Кога ладната вода ќе дојде во контакт со лицето или вратот, може да ја подобри и функцијата на мозокот.