Туристичките агенции најавија дека ќе протестираат доколку Владата воведе задолжителен ПЦР тест за влез во земјата.

Нивниот став е дека туристичкиот сектор не смее да трпи уште една огромна загуба доколку надлежните иституции донесат ваква одлука.

Туристичките агенции наведуваат дека тест за излез од земјата нема никаква логика, а посебно кога се патува во земји кои за влез не бараат никаков тест.

-Досега не сме се соочиле со реакции од страна на нашите патници дека се вратиле од годишен одмор инфицирани од Ковид-19. Дел од патниците се веќе вакцинирани, а останатиот дел кои патуваат надвор се со PCR тест или Брз антиген тест што укажува на фактот дека патниците кои патуваат приватно и патниците кои патуваат во групи се целосно безбедни. Она што се бара од надлежните институции е да се задржат актуелните мерки. Сметаме дека не е потребно да се наметне задолжително тестирање за влез во земјите во кои не е потребен тест како што се Албанија и Црна Гора, велат туристичките агенции.

Доколку се усвои предлогот за задолжително ПЦР тестирање во текот на утрешниот ден, туристичките агенции истакнаа дека ќе бидат приморени да излезат на улица.