Турција најави донација на 30.000 вакцини против коронавирус на Босна и Херцеговина.

Донацијата е дел од договорот постигнат од членовите на претседателството на БиХ со турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, на денешната средба во Анкара.

Сакам да изразам сочувство на сите семејства во БиХ кои ја загубија борбата против коронавирусот. Ние ќе доставиме 30.000 дози вакцини во БиХ – рече турскиот претседател.

Така, првата поголема количина вакцини која ќе стигне во БиХ ќе биде донација, по онаа од Србија од пет илјади вакцини.