Студените стапала можат да бидат знак за слаба циркулација, или едноставно поголема чувствителност на студот, но понекогаш можат да бидат и сигнал за здравствени проблеми, пишува Мондо.
За време на студените зимски денови, повеќето луѓе се трудат да ги загреат нозете што е можно повеќе, но ако се чувствувате како воопшто да не успевате, можеби имате еден од сериозните здравствени проблеми кои ви ги пренесуваме подолу.
- БОЛЕСТИ НА ТИРОИДА
Хипотироидизмот, или слабата активност на тироидната жлезда, влијае на хормоните кои ја претвораат храната во енергија и нивниот недостаток може да доведе до чувство на студенило.
- ДИЈАБЕТЕС
Постојат неколку компликации на дијабетесот кои можат да бидат основа на чувството на студени стапала.
На пример, периферната невропатија значи дека нервите во вашите стапала се оштетени, што значи дека ќе се чувствувате како вашите стапала да се ладни, но всушност ќе бидат топли на допир.
Болеста на периферните артерии, како друга компликација, ќе влијае на крвните садови во стапалата.
- СТРЕС
Стресот остава многу негативни ефекти врз нашето тело.Доколку често сте под стрес, телото ќе го „запали“ одбранбениот систем кој најголемиот дел од крвта ја пренасочува кон централниот дел на телото, оставајќи ги екстремитетите, рацете и нозете без топла крв.