Луѓето околу вас веројатно често ве осудуваат поради тоа.
Сепак, новите студии покажуваат дека луѓето кои ги поседуваат овие особини се украсени со исклучителна интелигенција.
Според психолозите, овие навики се показатели за остар ум и висока интелигенција, пишува „Curios Mind Magazine“, пренесува DDL.
- Неред
Нередот најчесто се поврзува со неорганизираност, што резултира со намалена продуктивност.
Сепак, психолог од Универзитетот во Минесота открил дека луѓето чиј животен простор е неуреден се поинтелигентни и имаат повисок коефициент на интелигенција.
- Доцно будење
Кога останувате будни до доцна и морате да станете рано бидејќи одите на работа, веројатно секогаш сте уморни и затоа луѓето ве доживуваат како мрзелив човек.
Имено, станува збор за тоа дека вашиот деноноќен ритам работи поинаку отколку со другите луѓе.
Она што е интересно е дека научниците пронашле врска помеѓу деноноќниот ритам на луѓето и нивните нивоа на интелигенција.
- Пцуење
Пцуењето отсекогаш имало лоша репутација. Луѓето кои пцујат често се доживуваат како вулгарни и груби.
Меѓутоа, студијата спроведена на колеџот Марист во Њујорк го покажа спротивното – луѓето кои често пцујат се поинтелигентни, имаат побогат речник и подобри реторички вештини.
Покрај тоа, тие се поискрени бидејќи пцуењето е поврзано со искрени емоции.
Тоа значи дека луѓето кои почесто пцујат ќе го покажат своето вистинско лице и ќе искажат искрени чувства.