Полицијата употреби солзавец за да растера стотици Албанци кои вчера протестираа и запалија новогодишни елки во тирана по смртта на 25-годишник, кој бил убиен од полицаец во време на полициски час, воведен за да се спречи ширењето на коронавирусот.

Клодијан Коши бил убиен во раните утрински часови во вторникот и полицијата потврди дека имало прекумерна употреба на сила и дека полицаецот кој пукал е уапсен.

Полицијата во прв момент соопшти дека Коши не ги послушал наредбите на полицаецот да застане и дека носел оружје, за потоа да го демантира второто.