Пејачката Татјана Лазаревска заедно со својот сопруг Новица Василевски отпатува во Детроит, САД, каде што, како што откри, ќе ги помине новогодишните празници.

Со неколку објави на социјалните мрежи, Тања сподели дел од празничната атмосфера и радоста од новото патување, предизвикувајќи бројни реакции од следбениците.

Иако веќе подолго време не живеат во Македонија, Татјана и Новица не кријат дека татковината им недостасува. Често истакнуваат дека спомените, пријателите и семејството се силна врска што постојано ги враќа со мислите дома, без разлика каде се наоѓаат.

Многумина очекуваа дека токму новогодишните и божиќните празници ќе ги донесат во Македонија, но, како што изгледа, нивната неодамнешна посета била доволна за да „ги наполнат батериите“. По времето поминато дома, парот решил празниците да ги дочека на друга страна од океанот, подготвени за нови искуства и возбуди.