Колективен имунитет на коронавирусот нема да се постигне оваа година, иако вакцините почнаа да се дистрибуираат во многу земји, предупреди Светската здравствена организација (СЗО).
– Нема да постигнеме колективен имунитет во 2021 година – рече научничката на СЗО, Сумија Сваминатан.
Таа потсети на важноста да се продолжи со примена на постојните мерки, како што се одржување на физичко растојание, миење раце и носење заштитна маска.
Таа додаде дека тие мерки треба да бидат на сила најмалку до крајот на оваа година.