Светската здравствена организација (СЗО) даде дозвола за итна употреба на индиската вакцина против коронавирус „коваксин“. Лекот е развиен од индиската компанија „Барат Бајотек“ во соработка со Националниот институт за вирологија во Пуна.

Техничката советодавна група, свикана од СЗО и составена од регулаторни експерти од целиот свет, откри дека вакцината ги исполнува стандардите на СЗО за заштита од ковид-19, дека придобивките од вакцината ги надминуваат ризиците и вакцината може да се користи.