Архе (/ˈɑːrki/; Антички грчки јазик: ἀρχή; понекогаш преведувано и како arkhé) е исконски почеток, оној од кој произлегува сè.
Термин кој често се споменува во школата во Милет, во која, учениците сакале да откријат од што потекнува светот (Талес, Анаксимен и Анаксимандер).
Анаксимен верувал дека сè произлегува од воздухот, Талес од вода и Анаксимандер рекол дека почетокот на светот е апејрон (нешто бесконечно и неизмерливо).
Архе претставува мета елемент, ствар, исконско суштество од кое произлегува сè и кое е содржано во сè.
Во денешен контекст архе како термин се среќава во именката – археологија. Или етимолошки преведено – наука за праосновата на постоењето.
Францускиот мислител Мишел Фуко има напишано книга која е прилично популарна и се нарекува „Археологија на знаењето“.