Но, дали некогаш сте се запрашале дали ова е навистина најдобриот избор за појадок?

Сок од портокал

Една чаша сок од портокал содржи просечно 110 калории и ќе ви обезбеди дневна доза на витамин Ц, антиоксиданс кој ја штити кожата од сонцето и мозокот од опасни материи што се наоѓаат во загадениот воздух.

Сепак, премногу сок од портокал може да предизвика оштетување на глеѓта на забот.

Студија спроведена на Институтот за орално здравје Истман на Универзитетот во Рочестер покажа слабеење на забната глеѓ за дури 84 проценти кај луѓето кои пиеле сок од портокал пет дена по ред.

Другите овошни сокови имаат сличен ефект поради киселината што ја содржат, а многу полош избор е да пиете разни газирани сокови и енергетски пијалоци.

Млеко

Чаша млеко со 2 проценти млечна маст ќе ви обезбеди 20 проценти од вкупната дневна потреба за протеини и третина од потребната дневна количина калциум.

Истражувањата покажаа дека луѓето кои пијат чаша млеко наутро се чувствуваат помалку гладни до ручекот.

Калциумот помага во регулирање на хормоните кои ја контролираат телесната тежина и не е „агресивен“ за вашите заби, како сокот од портокал.

Експертите ве советуваат дефинитивно да изберете органско млеко, од домашно одгледување без антибиотици и додавање на хормони за раст, бидејќи таквото млеко ќе ви обезбеди количина на антиоксиданти што ја содржи и сокот од портокал.

Експертски заклучок: Пијте млеко за појадок!