Министерот за здравство на Македонија, Венко Филипче ја извести јавноста за нова пратка вакцини од Србија.

Се работи за 20.000 дози од руската вакцина „Спутник В“.

Интегралното соопштение за јавноста во продолжение:

Денеска добивме од Република Србија 20.000 дози на вакцини од руската вакцина Спутник В кои ќе бидат наменети за критичните категории на граѓани, но и за почеток на имунизација на помладите категории на граѓани. Благодарност до Претседателот Вучиќ, Премиерката Брнабиќ, Министерот Лончар за солидарноста и донацијата. Очекуваме уште дополнителни 20.000 дози да пристигнат од оваа пратка во деновите што следуваат. Овозможивме континуитет на веќе започнатиот процес. Со оваа вакцина ќе се вакцинираат вработени во МВР, делот од Армијата, судовите, обвинителството, патарините, царина, возачите во јавниот транспорт, новинарите, односно сите оние што се во голем ризик и се во поголема возрасна категорија во А1 Арената, СЦ Борис Трајковски, напиша Венко Филипче на фејсбукот профилот.