Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ денес изјави дека вакцините Фајзер што Србија требаше да ѝ ги донира на Македонија денес ќе бидат доставени во следните неколку дена, бидејќи се чека официјално одобрување на „Фајзер“, со оглед на тоа што нашиот договор со таа компанија забранува извоз на вакцина во други земји.

Што се однесува до донацијата на вакцините Фајзер за Македонија, за која беше договорено, сè е подготвено, имаме подготвени одредени количини вакцини Фајзер – одговори Брнабиќ на новинарско прашање

Таа додаде дека во договорот со „Фајзер“ стои дека тие вакцини не смеат да се извезуваат од Србија.

Затоа чекаме официјално одобрување. Му пишав на директорот на „Фајзер “, ние сме во постојан контакт со нивниот тим. Претседателот Вучиќ исто така ги повлече личните врски со Соединетите држави за да ја добие таа согласност за да можеме да ги извезуваме вакцините во Македонија – истакна Брнабиќ.