Светски познатиот автор Крис Картер оваа години ќе биде специјален гостин на Саемот на книги во Скопје, кое гостување е најавено како дел од неговата светска турнеја. Неговите изданија досега во Македонија се продадени во над 10 000 примероци за релативно краток период од околу две години.
Крис Картер со неговите читатели ќе се дружи на 7ми Мај со почеток од 12 часот во салата Борис Трајковски, во рамки на Саемот на книга, каде ќе потпишува примероци од неговите книги за читателите. Од издавачката куќа Сакам книги која ги преведува и издава неговите дела, најавуваат и неколку изненадувања на самиот настан. ЛИЦЕ В ЛИЦЕ читателите ќе можат да се најдат со Крис Картер и на 8ми Мај во Синеплекс со почеток од 18:00 часот и тоа оние читатели кои навреме набавиле влезница за настанот кој од издавачката куќа го опишуваат како вистинска трилер сензација.
Разговорот со Крис Картер ќе го води Јордан Коцевски, автор на психолошки трилери, а на самото случување ќе може и публиката да поставува директни прашања до авторот.
Крис Картер е роден во Бразил, а по завршувањето на средното образование оди во САД каде студира психологија со специјализација за криминално однесување. Како криминален психолог има работено неколку години, а потоа почнува со музичката кариера како професионален музичар. Пред неколку години се откажал од сето тоа за да стане писател со полно работно време.