Кучињата и мачињата се најчестите домашни миленичиња, но изборот на милениче многу кажува за неговиот сопственик.
Во продолжение неколку клучни разлики помеѓу сопственици на мачки и сопственици на кучиња:
Сопствениците на мачки се асоцијални
Додека сопствениците на кучиња се посоцијални, сопствениците на мачки сакаат помалку друштво. Сопствениците на кучиња ги бираат кучињата токму поради нивната карактеристики на друштвеност и поголема приврзаност кон сопственикот.
Сопствениците нa кучиња се погрижливи
Мачките не бараат многу внимание, ниту нивните физиолошки потреби се сложени. Генерално мачките се поснаодливи од кучињата и понезависни од човекот.
Сопственикот на куче има поголема листа на дневни обврски околу своето милениче, а изборот на такво милениче доволно ја докажува неговата грижа.
Сопствениците на мачки се истражувачки типови
Мачките се итри животни и со нив ќе имате надмудрување и интриги без граници. За разлика од лукавоста на мачката, кучињата се лојални и транспарентни.
Сопствениците на мачки со изборот на милениче покажуваат дека им е предизвик одгатнувањето и проучувањето на постапката на нивното милениче, многу повеќе отколку барање на сродност сопствена со миленичето.
Сопствениците на кучиња се добар материјал за партнери
Додека сопствениците на мачки се понезависни како и нивните миленичиња и не бараат идентификација со другите по ниту еден основ, огледувачите на кучиња се во потрага по стабила и комплатибилна врска со партнерот.
Како што сопствениците на кучиња бараат нивното куче да е нивно огледало, тоа го бараат и од партнерот. Не случајно постои поговорка дека секое куче почнува да наликува на својот сопственик и обратно, порано или подоцна.