Сончево со мала до умерена облачност, а во крајните североисточни делови облачно со слаб снег.

Попладне претежно сончево. Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено вдолж Повардарието и во источните делови.

Минималната дневна температура во Скопје ќе изнесува -2, а максималната ќе достигне 6 степени.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози.

Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Крушево, Железнец и на планинскиот превој Пресека.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.