Сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува засилен ветер од југозападен правец.

Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а во текот на ноќта особено во западните подрачја ќе има слаб локален дожд.

Минималната дневна температура ќе биде 8 степени, а максималната дневна во Скопје ќе достигне 27 степени.