Закрепнувањето по инфекција со ковид, кај голем број луѓе, трае многу долго, а периодот на закрепнување може да се продолжи до неколку месеци, додека телото не се врати во форма.

По инфекцијата со Ковид, луѓето обично чувствуваат замор, отежнато дишење, чести главоболки, дигестивни проблеми…

Но, има и многу потешки и опасни симптоми, кои се нарекуваат пост-ковид синдром.

Симптомите поврзани со овој синдром не се наивни – го отежнуваат функционирањето на дневна основа и траат со недели.

Интересно е што синдромот пост-ковид 19 не се јавува само кај луѓе кои имале потешка форма на болеста, туку често се забележува и кај луѓе кои имале блага форма.

Механизмот на долгорочните ефекти на САРС-КоВ-2 врз здравјето на луѓето сè уште е нејасен. Логично е да се мисли дека главната причина за долгото траење на симптомите поврзани со синдромот пост-ковид 19 е всушност латентна инфекција во телото што доведува до продолжен имунолошки одговор на телото.

Силата на нашиот имунолошки систем е огромна. Во речиси 95% од случаите, успешно го победува САРС-КоВ-2, кој освен во исклучителни случаи, не успева да ги помине природните бариери на нашето тело, како на пр. носната и оралната мукоза.

Но, со „распаѓањето“ на првата линија на одбрана, битката продолжува, а организмот ја активира следната фаза на вроден (неспецифичен) имунитет, која ја започнуваат клетките како макрофагите и Т-лимфоцитите откако ќе дојдат од околното ткиво или циркулација до местото на инфекција.

Од друга страна, вирусната инфекција обично резултира со клеточна смрт и размножување на вирусот, а локално ослободените цитокини дополнително активираат повеќе клетки со цел директно да го неутрализираат вирусот и да ги отстранат остатоците од распаднати клетки (фагоцитоза).

За оптимално функционирање на овие одбранбени линии, важни се добрите животни навики, здравиот начин на живот и адекватното внесување на сите потребни заштитни материи (витамини, минерали) со цел да се „зајакне“ имунитетот.