Случајно дознавме дека малиот извидник кој ја насмеа цела Македонија и ги освои симпатиите на македонската јавност, сепак го изел грашокот.
Имено, во продавница за готвена храна во Скопје, денеска ни соопштија дека грашокот кој се продава таму е именуван како „Грашокот на Петар“ и дека неодамна Снеже, водачот на извидниците што се споменува во популарното видео открила дека Петар сепак го изел грашокот.
На почетокот го бараше само месото, ама подоцна го проба и изеде и грашокот – изјавила Снеже според сведоштвата на вработените во кујната.
И покрај тоа што не е омилена храна на децата, грашокот е исклучително хранлив. Содржи големи количини на витамин А, растителни протеини, витамин Ц и железо. Одличен е за одржување витка линија поради ниското ниво на јаглехидрати што го содржи.