Денеска, претставниците на словенечко здружение „Франц Прешерен“ и идејниот творец на проектот „Радио МОСТ“, – Бобан Јовановиќ реализира работна средба на која ги прецизираа темелите на идната соработка.
Словенечкото здружение „Франц Прешерен“ во Македонија ги застапува интересите и аспирациите на словенечката малцинска група.
Со однос на тоа дека, Радио МОСТ е мултикултурен проект чија крајна цел е унапредување на малцинските права во Македонија, но и во другите држави од поранешна Југославија и создавање информативна и вредносна унија помеѓу народите и државите од поранешна Југославија, проектот наиде на поддршка од словенечкото здружение „Франц Прешерен“.
Најавено е медиумско застапување на важните активности на здружението во Радио МОСТ како и радио емисија на слоенечки јазизк посветена на интересите, приоритетите и аспирациите на словенечката малцинска група во Македонија.
Достапноста на содржините на словенечки јазик, ќе им овозможи на луѓето од Словенија понепосредно да се запознаат со состојбите во Македонија и да ги следат во живо настаните од наведеното словенечко здружение.
Со програмата и активностите на словенечкото здружение „Франц Прешерен“ во Македонија може да се запознаете на линков.