Кога ќе се спомне киоскот од времето на Југославија, повеќето луѓе помислуваат на дизајнот на Саша Махтиг и црвеното здание К67, а често е заборавена верзијата на македонскиот архитект Александар Никуљски, која се викаше KC-190.
Фотографии од моделот на модуларниот киоск KC-190 беа објавени на Instagram профилот Spomenik Database, која ја истражува историјата и фотографиите на апстрактните споменици и модернистичката архитектура на регионот на поранешна Југославија.
Во текстот што ги придружува фотографиите се наведува дека кога станува збор за повеќенаменскиот модуларен киоск од југословенската ера, најголемо внимание и фокус најчесто оди кај неговиот зачетник, словенечкиот дизајнер Саша Ј. Махтиг кој го дизајнираше познатиот киоск К67.
Сепак, постои и „помалку познатата“ верзија KC-190 дизајнирана од Александар Никољски.
Заборавената фигура која исто така многу придонесе за нивниот статус на легенди беше македонскиот дизајнер и архитект Александар Никољски, кој дополнително го истражуваше концептот на модуларни киосци, создавајќи неколку дополнителни варијанти и стилови во текот на 70-тите и 80-тите години, како моделот KC-190, кој може да се види на неодамнешните фотографии од Крагуевац, кој е обоен во светли нијанси слични на тоа како се обоени киосците K67 на Махтиг, пишува на страницата.
Моделите KC-190 се создадени од производителот на PVC „Треска полипласт“ во Струга, Македонија, а киосците на Никољски беа дистрибуирани низ Југославија, како и во поголемиот дел од Источна Европа, а многу од нивв денес може да се најдат низ регионот до ден-денес.
Попознатиот модел К67 или „црвена кутија“, минатата година дури беше дел од инсталацијата во рамките на проектот „Times Square Transmissions 2021“ во Њујорк и се користеше како диџејски штанд за пуштање музика.