Дождливото и малку ветровито време помогна Скопје да се најде на листата на најзагадени градови во светот.

Загадениот воздух во скопската котлина е од само неколку заладени денови кога се уште греењето на домаќинствата беше минимално. Екологистите се сериозно загрижени особено по најавите дека двете најголеми топланите Исток и Запад, Есм планира да ги грее со дизел гориво наместо со гас во тест перод од по 10 дена..

Став побаравме и од ЕСМ од каде велат дека во текот на ноември ќе се изврши тест-проба на системот на топланите во краток временски период за да се види дали функциора на алтернативно гориво-дизел, по што топланите повторно ќе се вратат на користење гас.

Целта на тест периодот било да се осигура дека Скопје ќе има парно греење во текот на целата сезона, без оглед на тоа какви ќе бидат условите за снабдување на пазарот со гас, односно дали гасот ќе биде достапен или дали ќе се случат енормни покачувања на цената кои ќе го направат недостапен за набавка. Од ЕСМ тврдат дека топланите оваа грејна сезона ќе работат на гас, освен еден кус период за тестирање за да бидат подготвени и за други сценарија, со оглед на глобалните геополитички и воени случувања во Европа.