Досега 3000 војници биле дел од мировната мисија ИСАФ во Авганистан. Според претседателот, Стево Пендаровски тоа е една од најзначајните мисии која го трасира патот на Македонија кон НАТО.

Поради значајноста на мисијата сите учесници од АРМ ќе бидат наградени со Орден за воени заслуги, објави претседателот и врховен командант на воордужени сили – Стево Пендаровски.

Одлучив да ги одликувам со Орден за воени заслуги сите припадници на Армијата кои беа во мисијата во Авганистан. За професионалноста и за посветеноста. Од 2002-та досега, повеќе од 3300 припадници на Армијата учествуваа во меѓународната мисија ИСАФ. Првата ротација ја започнавме како кандидат, а последната ја завршивме како членка на НАТО, напиша на својот фејсбук профил претседателот Стево Пендаровски.