Семејства на околу 2000 починати од ковид19 во Велика Британија најавуваат тужба за државата.

Имено тие ќе бараат спроведување на јавна истрага за начинот на кој државата се справува со епидемијата и дали припадниците на нивните семејства се жртва на лошиот институционален одговор.

Семејствата на околу 2000 починати формираа здружение(правно лице) кое се нарекува „Ожалостените семејства кои бараат правда“.

Инаку Велика Британија е една од европските земји која воведуваше најрестриктивни мерки заради стабилизација на епидемијата од ковид19.

Неодамна беше детектирана нова мутација на коронавирус во Британија која брзо се префрли низ другите делови од Европа.

Според податоците од Министерството за здравство скоро 70% од новите случаи со коронавирус се заразени со британскиот вид.