Во текот на изминатите две години, начинот на кој работиме и пристапуваме кон работата е многу променет, а адаптациите на индустријата кон новата ситуација беа неопходни за опстанок.

Пандемијата донесе различни промени на пазарот на трудот. Покрај тоа што многу луѓе ги изгубија своите работни места и некои индустрии сеуште претрпуваат големи загуби поради ограничувањата наметнати од локалните и државните власти, исто така има промена и во работењето на далечина.

Работата на далечина се зголеми за 45%

Според истражувањето на сајтот за барање работа FlexJobs, со анализа на илјадници работни места и споредување на далечинските работни места со работните места со полно работно време, се добиени интересни резултати.

Имено, од огласите за вработување објавени во втората половина на 2021 година и првата половина на 2022 година, огласите за работа од далечина се зголемени за 22%.

За да открие кои индустрии најбрзо ги прифаќаат прилагодувањата на далечинскиот бизнис, FlexJobs ги отстрани оние што вообичаено доминираат на листата на далечински работни места, како што се сметководство, маркетинг, управување со проекти и ИТ.

Така, тие дојдоа до листа од 8 сектори за кариера чии огласи за позиции „full time remote“ се зголемија за најмалку 45%.

Станува збор за планирање настани, патување и угостителство, непрофитни организации и филантропија, медицински истражувања, комуникација, уметност и креативност, вести и новинарство и конечно правниот сектор.

Интересен е фактот што „event management“ е на прво место, но уште по интересно е што угостителството, како услужна дејност чиешто јадро е работата со луѓе и за луѓе, е второ на листата на далечински работи.

Можно е овој сектор повеќе да се однесува на делот за патување, каде што не е потребна интеракција лице в лице со клиентот.

Вработените ги диктираат условите за работа

Пандемијата со сигурност, засекогаш го промени начинот на кој работиме и пристапуваме кон работата, а адаптациите на индустриите кон новата ситуација беа неопходни за опстанок.

Она што започна како експеримент, тест работа од дома една недела „Само додека не заврши оваа борба со корона“, се претвори во месеци и месеци работа од дома и ги претвори животите на сите инволвирани, како и на самите сектори, за 180 степени. Многумина од нив беа соочени со предизвикот да го преобликуваат, приспособат и да го видат бизнисот во ново светло.

Иако различни студии покажаа дека работата од дома ја зголемува продуктивноста, а оние кои сè уште работат на далечина имаат главно попродуктивни работни денови од канцелариските глувци, кога пандемијата стивнала, менаџерите почнале да ги повикуваат работниците да се вратат во канцеларијата.

Вработените, охрабрени од слободата за работа на далечина и фактот дека пазарот на трудот е поволен поради феноменот Голема оставка, беа доволно храбри да преговараат за условите за работа. Оние кои претпочитаат флексибилна работа конечно го најдоа својот пат.

Затоа, не е изненадувачки што работодавачите се приспособиле на растечкиот тренд, што покажува дека иднината на многу индустрии е токму во далечински или хибриден начин на работа.