Било малку пред пет кога неговата девојка стигнала кај него. Седнале еден до друг на софата во неговата канцеларија за да разговараат.
Ја пратил секретарката да се оди дома. За него било крајно вообичаено да остане во канцеларијата и да продолжи да работи и отткако секретарката ќе си заминела. Често знаел толку да се занесе во работата што таму го дочекувал и утрото.
Имал намера со девојката да оди на вечера во некој ресторан во близина. Но таа го одбила предлогот. – Денес немам толку време, му одговорила, одовде морам да одам право во Гинза за да се сретнам со некого.
„На телегон ми кажа дека сакаш да разговараш за нешто?“ – ја прашал.
„Не, немам што да разговарам“, рекла „само сакав да те видам“.
„Мило ми е што дојде“, и рекол насмеан. Таа ретко зборувала толку отворено со него.
Обично се изразувала на поиндиректен начин. Немал претстава што би значела таа промена.
Потоа молкум го расчекорила и му седнала в скут. Го прегрнала и го бакнала. Тоа било сериозен, длабок бакнеж со испреплетени јазици.
Го откопчала ременот од панталоните и му го извадила веќе цврстиот пенис, држејќи му го во рака некое време.
Потоа се наведнала и го ставила во уста. Со својот топол, нежен и долг јазик кружела по него. Него тој чин потполно го вџасил. Таа во сексот била прилично пасивна особено кога станувало збор за орален секс – без обзир дали го давала или до примала.
-Изгледало како секогаш да чувствува како мал отпор. Но тој ден, поради некоја причина, таа ја повела иницијативата. Што се случувало со неа?
Меншики бил вчудоневиден.
Одненадеж станала ги собула скапите црни потпетици, вешто ги соблекла хулахопките и ги свекла гаќичките. Повторно го обчекорила и со раката си го наместила пенисот.
Внатрешноста и била веќе толку влажна и се движела нежно, природно небаре живо суштество.
Се се одвивало со забрзано темпо (што исто така не личело на неа, зошто таа отсекогаш била одмерена и смирена).
Додека да се освести веќе бил во неа. Меките ѕидови на нејзината вагина му го обвивале пенисот и благо, но одлучно го стегале.
Тој секс бил наполно различен од било кое искуство со неа што дотогаш во доживеал. Во него истовремено се испреплетувале топлина и студ, и цврстина и нежност, и прифаќање и одбивање. Имал такво контрадикторно чувство. Но не успеал да сфати што значело сето тоа.
Таа го јавнала и како човек во мал чамец што го лулаат големи бранови, жестоко скокала врз него. Нејзината црна коса летала во воздухот како врбини гранки на ветер.
Изгубила контрола и стенкањата и станувале се погласни. Меншики не бил сигурен дали ја заклучил вратата од канцеларијата. Му се чинело дека го сторил тоа, но и дека можеби заборавил. Во секој случај, во тој миг не можел да стане да провери.
„Не треба да користиме кондом, или нешто слично?“ – ја прашал.
Обилно таа водела сметка за тоа. „Во ред е, денес може“, му шепнала на уво. „Не грижи се за ништо“.
Се во врска со неа било поинаку од обично. Како некоја друга личност што спиела во неа одеднаш да се разбудила и да и го запоседнала телото и умот.
Можеби тој ден за неа бил посебен, си размислувал. Постојат толку многу нешта во врска со женското тело што мажите не може да го разберат.
Движењата и станувале се посмели и пожестоки. Не можел да направи ништо, освен да се потруди да не и биде препрека во она што го посакувала. Се доближувале до завршницата.
Повеќе не можел да издржи и свршил, а истовремено со него таа испуштила краток крик, небаре егзотична птица, и нејзината утроба, која како да го чекала токму тој миг, жедно ја вшмукала неговата семена течност во својата длабочина.
Нему пред очи му се појавила некаква матна слика како во мракот го проголтува лаком ѕвер.
По некое време станала, небаре отфрлајќи го неговото тело и тивко го наместила фустанот, ги собрала хулахопките и гаќичките од подот, ги пикнала во чанта и отишла во тоалетот. Долго време била затворена внатре.
И токму кога во него се населил немир дека нешто и се случило таа конечно излегла надвор. Облеката и косата и биле средени а шминката поправена. Усните и биле развлечени во вообичаената блага насмевка.