Новинар кој беше вакциниран со две дози на вакцина „Фајзер“, детално раскажа како се чувствува кога, три месеци по втората доза, го доби видот на делта од коронавирусот.

Од почетокот на пандемијата, тој известуваше за ковид -19 и не можеше да поверува кога, по два „Фајзери“, ги почувствува симптомите за кои читаше и пишуваше со месеци.

Сите симптоми беа тука. Се чувствував уморен неколку дена, како некој да ме покрил со тешко ќебе, но мислев дека ми треба пауза од патувањето од претходниот викенд. Следниот симптом беше главоболка, стегање во грбот и болка во мојата глава. Потоа очното јаболко почна да ме боли и го изгубив чувството за вкус, напиша Вил Стоун.

Го следам коронавирусот од почетокот на пандемијата и знаев што ми се случи, но дел од мене не можеше да поверува. Примив две дози „Фајзер“, од кои последната беше во април Јас бев само уште еден пример за човек кој се зарази и покрај две примени дози на вакцина против коронавирус, опиша новинарот.

Не бев само јас болен, бев во контакт со мојот 67-годишен татко и поширокото семејство. Живеев сценарио што се обидував да го избегнам година и пол. Каде ја добив короната? Не знам, кој знае. Како и многумина, се опуштив да не носам маска и да ја одржувам дистанцата откако ја примив вакцината. Летав со авион, се гледав со пријатели, јадев во ресторани во затворен простор, дури бев и на свадба што беше одложена и потоа се одржа со предупредување до гостите дека треба да се вакцинираат, напиша тој.

Завршив во карантин. Две брзи тестови беа негативни, но јас бев болен. По вториот тест, медицинската сестра ми рече да не се опуштам. И неколку дена подоцна, ПЦР потврди дека имам корона. Бев очаен пет дена. Ме болеа рацете и нозете, имав постојана температура од 38, и по неколку часа спиење ме наоѓаа во постелнина целосно навлажнета од пот. Кога требаше да го споредам со нешто, тоа беше како најлош грип во мојата живот. Дури и кога ќе помине температурата „Се чувствував лошо и слабо неколку недели, ќе одев во кујната и ќе се вратев во кревет премногу уморен, се сеќава Вил.

Докторот ми објасни дека ќе бев многу полошо ако не бев вакциниран. За да завршам во болница, можеби на респиратор. Но и вака беше претешко. Еве дури месец дена откако добив негативен тест моето здравје е многу нарушено, а имунитетот драстично опаднат. Затоа алудирам на сите да превенираат, да носат маска и држат дистанца иако се вакцинирани со две дози.