Силните налети на ветер со себе донесоа сосема неочекувана сцена.

По невообичаен налет на студен воздух што ги изненади жителите на Јужна Африка, снегот ги покри врвовите на планините оваа држава, а потоа падна и во котлините, но најмногу се задржа во претежно во руралните области, а тоа го фасцинираше населението што брзаше кон областите каде има паднато снег.

Благодарение на овие ненадејни временски услови, градот Церес, на околу 180 километри од Кејп Таун во провинцијата Западен Кејп, стана најголемата туристичка атракција, каде паднаа десетина сантиметри снег, а земјата остана доволно студена за да може да се прави снешко во август.

Вестите за тоа брзо се проширија на социјалните мрежи, по што конвои возила се упатија кон Церес, создавајќи сообраќаен метеж.