Ладно пиво е чест избор за сузбивање на летните горештини. Но дали тој чест избор всушност е и правилен избор за разладување?
Одговорот на нутриционистите е одречен и тие советуваат строго избегнување на пијалоци што содржат алкохол во летните периоди.
Прва причини зошто пивото, како алкохолен пијалок не е добар избор за летен пијалок е, фактот што содржи околу 5% алкохол.
Алкохолот во пијалоците ја исфрла водата и го дехидрира телото.
Уште поголема грешка правиме кога наместо вода или други течности на база на вода, одлучуваме да внесеме пиво.
На тој начин дополнително го дехидрираме нашето тело, на кое му е потребно вода да се разлади.
Во недостаток на вода, со внесување на алкохол, кој ја истиснува водата во организмот, може да дојде и до колабирање на телото.
Затоа не се ладете со ладно пиво, ако претходно не се осигурате дека сте внеле доволна количина на вода.