Откако во вторникот започна вакцинацијата со експерименталната вакцина Pfizer Bayontek против ковид19 во Велика Британија, се појавија и првите два случаи со несакани ефекти. Ова се силни алергиски реакции на вакцината.

Британската агенција за регулирање на лекови и здравје (МХРА) издаде предупредување за граѓаните кои имаат историја на тешки алергиски реакции да не примаат вакцина Фајзер до ново известување.

Имено, двајца британски здравствени работници развиле алергиски реакции откако ја примиле вакцината во вторникот, пренесува Evening Standard.

Како што е вообичаено со новите вакцини, МХРА препорача, како мерка на претпазливост, луѓето кои имаат значителна историја на алергиски реакции да не ја земаат вакцината.

Двајцата пациенти се опоравуваат добро, рече професорот Стивен Пауис од британскиот NHS.

Велика Британија започна процес на масовна вакцинација во вторникот, а првите дози се наменети првенствено за здравствени работници, групи со висок ризик и лица постари од 80 години.