Одлуката производителите на храна да добијат поевтина струја, според проценките на Владата, треба да резултира со намалување на цените на млекото и млечните производи кои во изминатиот период забележаа голем раст.

Друг аргумент за намалување на цената на млекото, како што вели министерот за економија, е новиот Закон за заштита на потрошувачите кој предивидува спречување на т.н. нечесни и измамнички трговски практики, односно работење со нереално високи маржи на трговските ланци.

-Во делот на млекото и млечните производи очекувам да има намалување на цените веднаш, особено сега, со новиот Закон за заштита на потрошувачите. Веќе побарав од секторот за трговија да извадат податоци за цените на стоки кои се увезени, затоа што летово донесовме одлуки со кои ги укинавме сите давачки на одредени млечните производи, вклучувакќи го и суровото млеко кое треба да се преработува во државава.

Во моментот кога ќе стапи на сила одлуката, од 1 декември, треба да има дополнително намалување во делот на млектото и млечните производи. Мислам дека во оваа сфера има големи маржи што е спротивно на одлуките на Владата…

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) веќе има насоки да влезе, да направи соодветни контроли, но се чекаше да помине Законот за заштита на потрошувачите. Овој закон вчера помина во Собранието и ДПИ веднаш ќе почне да постапува при што ќе има и соодветни санкции“, изјави Бектеши за „360 степени“