Продолжува намалувњето на бројот на заразени, хоспитализирани и починати од ковид-19, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 4 до 10 април годинава.

Тестирани се вкупно 14.434 материјали, а регистрирани се 1.106 нови позитивни случаи, со намалување од 31% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 2,4% до 10,6%, просечно 7,3%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (н=622; 56,2%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Битола – 138,6/100.000, Демир Капија – 132,4/100.000 и Ресен – 132,2/100.000* (Табела 1, Картограм 1).

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години, а најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години.

Во однос на претходната недела, најголемо зголемување на бројот на заболени се регистрира кај возрасните групи од 0-9 (13,7%) и 10-19 (11,6%), а најзабележително намалување во споредба со минатата недела се забележува кај возрасната група 20-29 (26,6%).

Со статус „оздравени“ се стекнале 1.706 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 4,6% помалку во споредба со минатата недела (н=1.789). Вкупно се пријавени 272 реинфекции, со зголемување од 1,5% во однос на претходната недела.