Човек по дефиниција е хомо фабер или човек кој работи.
Работата е еден од најважните сегменти во човечкиот живот, а задоволството од работата значи и општа среќа на поединецот.
Поединци кои се задоволни од својата работа изразуваат поголема субјективна среќа, од оние кои не се задоволни со својата работа.
Колку и да ви се чини дека работата што ја работите е бескорисна и не ве унапредува како личности, постојат психолошки трикови како може да се мотивирате и инспирирате за работа:
- Зголемете ги работните обврски
Луѓето кои немаат многу време да размислуваат за празни работи, немаат и многу време да се почувствуваат незадоволни.
Да ги зголемите вашите работни обврски значи, да ги умножите активностите во полето кое веќе делувате или да работите две различни работи истовремено.
Зголемувањето на работните обврски зависи од добрата организација, затоа треба добро да испланирате кога, што и како ќе го направите.
Користете роковник и водете дневник!
- Фокусирајте се на успесите, не на неуспесите
Кој работи тој и греши, но сигурно не правите се така лошо.
Постојат и работи кои успешно и можеби најдобро од сите други ги правите.
Фокусирајте се на вашите успеси, а не на вашите неуспеси.
Тие ќе ви бидат моторната сила за сите следни задачи.
- Обидете се да направите атмосфера на соработка, не на натпревар
Никој не сака да работи во напната и стресна атмосфера каде сите меѓу себе водат суров натпревар, се докажуваат или уште полошо кодошат едни со други.
Бидете вие тој/таа што ќе се обиде да направи подобра енергија во тимот.
Предложете им да се сретнете некаде на кафе или на добро вино. Верувајте дека секому му е потребна социјализација.
А штом еднаш ќе се запознаете надвор од работното место, ќе се разбирате подобро едни со други и ќе ги надминувате полесно проблемите во меѓучовечките односи на работа.
- Поставете си дневни, неделни, месечни и годишни цели
Напредокот некогаш е спор, но тоа зависи од јасноста на целите кои сте ги поставиле.
Поставете си цели на пократки и подолги временски периоди и мозокот сам ќе почне да изнаоѓа начини како нив да ги остварите.
Ако одите на работа не знајќи што да очекувате од денот, ќе се чувствувате како работите да ви излегуваат од контрола, што во голема мера го предизвикува стресот на работно место.
Автор: Магдалена Стојмановиќ