Треба да се прифати фактот дека СДСМ и ДУИ направија се да ги изгубат овие локални избори. Го направија најлошиот можен избор на кандидати за градоначалници под паролата „Најдоброто за вашата општина“ да просто луѓето имат потреба да се запрашаат, па добро ако е оваа најдоброто решение според вас, какви ли се тек другите?
Освен црна кампања и непостоечки програми, не видовме ништо друго. Црна кампања, па црна кампања. Белки ние не го знаеме онаа што тие ни го кажуваат. Овој народ не е ни малку глупав и наивен, едноставно е мирен и дозволува да му се соли памет со црни кампањи – КО О ЧЕМУ КУРВА О ПОШТЕЊУ.
Исходот од изборите е само и единствено желба за ПРОМЕНА, затоа што на народот му е преку ТАКВОТО од лоши политики, од најлошата поставка на министри, од Мила Царовска и нејзината библиофобија, од олигархија „Заев“, од партиски вработувања, од куп нерализирани проекти, од газење по националното достоинство, од лижење на газови и деструктивно понижување пред ЕУ и големите сили, од криминали, од монтирани случаи, ОД СЕ му е доста веќе на овој народ. Дечки претеравте стварно, како и за Груевски ќе важи фразата – Било непоновило се. Ама никад, нека биде ова владеење црна дупка во историјата и НАТО нека си го носи Шекеринска дома, слободно, немам ништо против, јас лично.
Не се радувам на победата на ВМРО-ДПМНЕ и Алијансата, ама и тоа како се радувам на поразот на СДСМ и ДУИ. Се надевам дека од оваа ќе научат некоја лекција во животот, кога веќе не читаат книги и не знаат да кажат ништо ерудитивно, сем тук, тамо по некој политичар да слушнал кој е Достоевски во пауза на школите каде што ги учат како да облекуваат костуми и да се смејат правилно. Барем нека научат како се возвраќа шамар, онака достоинствено и со СТИЛ!