Во Врање досега со првата доза вакцинирани се 10.390 македонски граѓани, додека со втората доза вакцинирани се 4.179 наши државјани.

Според податоците на сајтот на Здравствениот центар во Врање, до 2 јули годинава вкупниот број на дадени прва и втора доза на сите достапни вакцини изнесува 68.548.

Од нив бројот на вакцинирани граѓани на Србија со првата доза е 27.291, бројот на вакцинирани граѓани на Македонија со првата доза е 10.390, a од Босна и Херцеговина се вакцинирани пет граѓани.

Бројот на вакцинирани граѓани на Србија со втора доза е 26.678, од Македонија 4.179 и од БиХ 5.

Најголем број македонски граѓани во Врање се вакцинирале со кинеската вакцина Синофарм, а помал број ја добиле вакцината на Фајзер.