Антимикробната резистенција (АМР), позната и како „тивка пандемија“, се јавува кога бактериите, вирусите и другите патогени еволуираат и стануваат отпорни на лековите што се користат против нив.
Како резултат на тоа, се случуваат 1,14 милиони смртни случаи секоја година, што е повеќе од бројот на смртни случаи од ХИВ и маларија заедно, пишува Телеграф. Се предвидува дека до 2025 ќе се регистрираат 1,9 милиони умирања годишно.
Само во Англија, пред две години дури 58.224 луѓе имале инфекција отпорна на антибиотици, што е четири отсто повеќе од една година порано.
Тоа значи дека вообичаени инфекции стануваат неизлечиви а рутински операции како царски рез и слично стануваат многу поризични.