Владата го одобри списокот на странски земји и територии кои спроведуваат непријателски дејствија против Русија, руски компании и граѓани. Наредбата за тоа е потпишана – се наведува во соопштението.

На списокот на Руската федерација, покрај Македонија се и Австралија, Албанија, Андора, Обединетото Кралство, вклучувајќи ги Џерси, Ангвила, Британските Девствени Острови, Гибралтар, земјите-членки на ЕУ, Исланд, Канада, Лихтенштајн, Микронезија, Монако, Нов Зеланд, Норвешка, Република Кореја, Сан Марино, Сингапур, САД, Тајван, Украина, Црна Гора, Швајцарија, Јапонија.