Австралиските власти и наредиле на рударската компанија Рио Тинто да ја обнови пештерата на Абориџините стара 46.000 години, која ја оштетила при потрага по железна руда, објави Би-Би-Си.

Експлозија на крајот на мај во австралискиот кањон во Западна Австралија уништи пештера во која беше откриен најстариот познат пример на коска алатка во таа земја, изострена кенгурска коска стара 28.000 години и плетенка стара 4.000 години.

Според некои анализи, пештерата содржела и осум милиони тони железна руда од прва класа, во вредност од 96 милиони долари.

По истрагата, австралискиот парламент одлучи дека компанијата мора да ја надомести штетата на Абориџините, кои се сопственици на земјиштето каде се случил инцидентот.

Во извештајот на парламентот наречен „Никогаш повеќе“ се вели дека рударскиот гигант знаел колку е вредно што ќе уништи, како и дека, покрај тој факт, не се откажува од намерата.

Тоа, како што се додава, беше причина пратениците да предложат мораториум на рударството во таа област, но и промена на законот за заштита на наследството, со цел негово подобро зачувување во иднина.

Рио Тинто вети дека ќе ја засили контролата врз минирањето, за да не се повтори вакво нешто.