Продукција: Prosperium Films

Сценарио и нарација: Магдалена Стојмановиќ

Дистрибуција: „Мој збор“ и „Радио МОСТ“

Во срцето на Војводина на само 64 км. од главниот град на Србија, се наоѓа мало гратче во т.н Сремски округ кое е денешен симбол на толеранцијата и солидарноста. Според податоците од пописот спроведен во 2011 година во овој град живеат 30.076 жители.

Современата Рума е град на толеранцијата и солидарноста, токму поради големиот број на семејства кои во текот на војната при распад на Југославија во 1991 година, ги напуштиле своите родни места во Хрватска и БиХ и се населиле токму на тероторијата на Рума. Денешната Рума е мултикултурна средина која ја населуваат најмногу Срби, но и значителен број на Хрвати. Околу 3,19% од населението во Рума се со хрватска националност, а живеат и голем број на Унгарци, Роми, па и Македонци.