Вардариште е најголемата градска депонија во Скопје. Таа претставува непосредна реалност и секојдневна глетка за жителите од општина „Аеродром“ и општина „Гази Баба“.
Честите пожари што избиваат на Вардариште испуштаат штетни гасови во природата, кои се загрозувачки по здравјето на локалното население.
Воедно, оваа депонија значително ја „огрдува“ сликата на Скопје бидејќи зафаќа огромна површина од градскиот простор.
Кога ќе се најде решение за Вардариште?