Скоро една третина (32 од 100) од луѓето постари од 65 години кои се заразиле со Ковид-19 во 2020 година развиле барем еден нов или постојан здравствен проблем кој барал медицинска помош во месеците на закрепнување по првичната инфекција, што е 11 повеќе во споредба со оние кои не заболеле од Ковид, резултатите од американското истражување беа објавени во Британскиот медицински журнал (BMJ).

Ова се однесува на состојби поврзани со главните телесни органи и системи, вклучувајќи го срцето, бубрезите, белите дробови и црниот дроб, како и компликации по менталното здравје.

Студијата беше спроведена од американски истражувачи на речиси 133.000 Американци на возраст над 65 години заразени со коронавирус во 2020 година и на приближно ист број луѓе кои не биле заразени со Ковид од споредбени групи.

Студијата за зачестеноста и сериозноста на последиците (нови здравствени состојби) по инфекцијата со Ковид-19 кај луѓе над 65 години покажа дека речиси секој трет пациент со ковид побарал медицинска помош најмалку три недели по дијагнозата поради нов или постојан здравствен проблем е за 11 отсто повисока стапка отколку што е забележана во споредбената група.